Д-р Мила Ложанкоска нов претседател на УМС ВМРО-ДПМНЕ Охрид

Охрид

На седницата на Извршниот Комитет на УМС за претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Охрид е избрана Д-р Мила Ложанкоска, доктор по општа медицина.

Со особена чест и благодарност кон Извршниот комитет на Унијата на млади сили, ја прифаќам довербата да бидам избрана за претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ – Охрид. По десет години поминати во УМС, ова за мене не е само функција, туку голема одговорност и обврска да вратам дел од она што низ годините го научив, создадов и добив од организацијата. Во изминатиот период стекнав искуства, запознав луѓе, научив што значи тимска работа, одговорност, истрајност и пред сè, што значи да се биде активен и корисен за својата заедница. Денес, како млад лекар и човек кој отсекогаш верувал во потенцијалот на младите, сакам тоа искуство да го претворам во конкретна работа. Посебно верувам во силата на младите од Охрид. Во нивната енергија, креативност, амбиција и потенцијал. Младите не се само иднината – тие се активен дел од сегашноста и треба да имаат можност да учествуваат, да создаваат и да носат промени уште денес. Пред мене стои голема одговорност, но и голем предизвик. Ќе продолжам со истата посветеност, труд, ентузијазам и љубов со кои овие 10 години бев дел од УМС, напиша Ложанкоска на Фејсбук.

Високо образование има завршено на Медицинскиот факултет во Скопје при Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј”- Скопје, со стекнато звање Дипломиран доктор по општа медицина.

Во рамки на студиите, првите практични чекори во струката ги прави како демонстратор на катедрата за Хистологија и ембриологија на Медицинскиот факултет при УКИМ во текот на шестата студиска година, каде што активно учествува во едукацијата на помладите студенти преку изведување практична настава и консултации.

Во текот на студиите, волонтира на Ургентниот центар при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, како и во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“- Скопје, каде што стекнува вредно искуство во работа со пациенти и медицински тимови во реални и динамични клинички услови.

По дипломирањето, започнува со секојдневната здравствена грижа за граѓаните во Општата болница во Охрид, а моментално е во ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија ,,Св. Еразмо”. Денес, како млад лекар и човек кој отсекогаш верува во потенцијалот на младите и тоа искуство да го претвори во конкретна работа. Посебно верува во силата на младите од Охрид. Во нивната енергија, креативност, амбиција и потенцијал. Младите не се само иднината, тие се активен дел од сегашноста и треба да имаат можност да учествуваат, да создаваат и да носат промени уште денес.

Поседува силна емпатија и развиена комуникациска способност, особено важни за професијата лекар и работа со луѓе. Се одликува со способност за работа под притисок, стекната преку волонтерскиот ангажман во итни медицински служби. Покажува висок степен на одговорност, дисциплина и посветеност во секоја задача.

Има изразени организациски способности и аналитички пристап кон решавање на проблеми, со фокус на носење квалитетни одлуки кои ги засегаат младите и имаат цел унапредување на локалната заедница.

УМС продолжува да се гради со млади луѓе кои нѐ чекаат иднината да се случи, туку се подготвени да ја создаваат.

Please follow and like us: