Средбата се одржа во рамки на 25. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Македонија – Европска Унија, кој се одржува во Собранието.
Николоски по средбата порача дека европската перспектива останува стратешки приоритет за Македонија.
– Фокусот на разговорите беа европската интеграција на земјата, реформскиот процес и чекорите што претстојат на патот кон полноправно членство во Европската Унија – истакна Николоски.
На средбата се разговарало и за актуелните состојби и напредокот на Македонија во исполнувањето на обврските поврзани со евроинтегративниот процес.
Според Николоски, пред европратениците биле презентирани и конкретните активности што ги презема Владата во насока на унапредување на реформите и зајакнување на институциите, како и мерките насочени кон создавање услови за забрзување на европската интеграција.
Посебно внимание во разговорите било посветено на продолжувањето на реформите во клучните области поврзани со процесот на пристапување кон Европската Унија.
25-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – Македонија се одржува на 24 и 25 септември во Собранието, со учество на македонски пратеници и претставници на Европскиот парламент.

