Со големо задоволство, нашето училиште ја прифати поканата од Федерацијата на спортски педагози на Македонија да го организира главниот настан по повод одбележувањето на Европскиот ден на спортот во училиштата – #ESSD2026.
Прекрасен ден посветен на движењето, здравите навики, еколошката свест и пред сè, на радоста што ја носи заедничкото учество.
Овојпат, не само учениците, туку и родителите беа на ниво на задачата!
Бескрајно сме благодарни за нивната поддршка и несебичната помош во организацијата. Заедничка активност родител-дете е приказна со посебен сјај.
Голема благодарност и до СВР – Охрид и Црвен крст – Охрид, кои се погрижија настанот да помине во целосна безбедност.
Силно веруваме дека искуственото учење создава знаења, навики и вредности кои не се учат само за оценка, туку се усвојуваат и памтат цел живот.
Одговорни наставници за реализација на настанот: Славица Мојсоска, Кате Бујароска Анѓелеска и Олгица Грозданова Зиврев.

