(ВИДЕО) Блескаме во здравството: Во заводот за нефрологија во Струга таваните прокиснаа, а болните лежат по ходници

Дождот кој синоќа заврна во Струга направи хаос во ЈЗУ Завод за нефрологија во Струга. Таваните прокиснаа, а болните наместо во болничките соби, лежеа по ходниците. Граѓаните бараат одговорност од министерот за здравство Венко Филипче. Видеото кое го објави VOX Struga ја пренесува ситуацијата во болницата. ОХРИД 24 Please follow and like us:

Повеќе

Во ЈЗУ „Општа Болница“ – Охрид веќе неколку месеци не работи лифтот во стариот дел каде што се Одделот за интерна медицина и Одделот за педијатрија

Откако СДСМ е на власт здравството од ден на ден тоне, се вели во соопштението на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид. Оттаму посочуваат дека во ЈЗУ „Општа Болница“ – Охрид веќе неколку месеци не работи лифтот во стариот дел каде што се Одделот за интерна медицина и Одделот за педијатрија. Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали за директорката Славица […]

Повеќе

Здравство: Филипче набавува нови мамографи за двојно поскапа цена од претходно

Во документ кој неодамна беше анонимно оставен во редакцијата на Здравство.мк се наведува дека Министерството за здравство на Македонија врши набавка на нови мамографи за потребите на јавните здравствени установи во република Македонија. Интересно е тоа што во дописот се бара измена на техничката спецификација за набавка на седум (7) нови мамографи 2Д и еден […]

Повеќе

Над 200 здравствени работници од стартот на годинава заминале од Македонија

Над 200 здравствени работници од стартот на годинава заминале на работа во странство. И покрај напорите на власта да го задржи стручниот кадар во земјава, ниските плати и лошите услови за работа се пресудни квалификуваните лекари, во трка за подобар живот да ја напуштаат Македонија. Власта, пак допрва ќе прави анализа на буџетот како да […]

Повеќе

Во охридската болница нема вакцини против морбили

Во период кога на целата територија на Македонија е прогласена епидемија од морбили и кога беше соопштено дека ниедно невакцинирино дете нема да биде примено во градинка, а предложено беше и минималната возраст за вакцинирање да се намали од 12 на 6 месеци, неофицијално дознаваме дека во Општата болница во Охрид нема вакцини против морбили. […]

Повеќе

(ФОТО)Здравството во Охрид тоне, Филипче агитира за Константин Георгиески

Охридската општа болница е во катастрофална состојба. Ѕидовите во болницата се со мувла, а и дел од таванот е распаднат. Уште покатастрофално е тоа што болните помеѓу одделенијата се пренесуваат во крајно нехумани услови. Министерот за здравство Венко Филипче кој вчера беше во Охрид, наместо да ја посети болницата и да види какви се условите, […]

Повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Пропаѓањето на здравствениот систем ќе запре само кога Филипче и картелот ќе си заминат од власт

Венко Филипче е најсериозна болест за македонското здравство, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ. -Вчера почина девојче на возраст од две и пол години од наводна бактериска инфекција. Во изминатиот период починаа неколку лица од грип, а се уште нема прогласено епидемија. Епидемијата од морбили коси низ целата земја, а одговорност за катастрофалното справување со ситуацијата нема. Раководењето на […]

Повеќе

Здравството со СДСМ тоне се повеќе:Во земјава недостасуваат 600 лекари потврди министерот Филипче

Според анализите на Министерството за здравство во земјава недостасуваат околу 600 лекари, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче за време на неговата посета на охридската болница. Македонското здравство во последните две години откако СДСМ е на власт стигна на најниско ниво. Доказ за тоа е и извештајот кој пред две недели го објави „Блумберг“ […]

Повеќе

Филипче ја направи Македонија најнездравата земја во регионот

Според извештајот кој е објавен на 24.02.2019 на тема „Кои се во светот најздрави нации“, Македонија е на дното на листата. Во 2017-та година Македонија била на 44-то место, додека пак во 2019-та година бележи 12 места пад и се наоѓа на последното место односно на 56-то место. Пред нас се Србија на 55-то место, […]

Повеќе

ВМРО-ДПМНЕ Струга: Заев и Филипче си поигруваат со животите на стружани

Во општата болница во Струга, повеќе од три недели не работи оперативниот дел на хирушкото одделение поради дефект на опремата за анестезија, односно гасната станица, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга, Мирче Аџиоски. Поради ваквиот дефект, нагласи Аџиоски, пациентите се препраќаат во Општата болница во Охрид, која за жал нема капацитет да ги хоспитализира сите, […]

Повеќе