ВМРО-ДПМНЕ Охрид: СДСМ го доведе Охрид на раб од бездна, го повикуваме Асен Шајн на ТВ дуел

Очигледно е дека СДСМ Охрид има сериозен проблем со амнезијата, па нивниот претседател Асен Шајн мора под присила од скопската централа да чита памфлети за теми кои самите тие ги девастираа. Да излезеш денес и да зборуваш за УНЕСКО, урбанистички планови и заштита на Охрид, по сè што направивте, не е само лицемерие туку во […]

Повеќе

Денес се празнува Преподобен Сисој Велики

Родум Египќанин и ученик на свети Антониј. После смртта на својот голем учител свети Сисој се насели на пустинската гора наречена Антониева според местото на подвигот на великиот светител. Земајќи врз себе тешки подвизи толку се скроти самиот себеси, што стана незлоблив како јагне. Затоа Бог му даде голема благодат. Можеше да исцелува болни, да […]

Повеќе

Денес се празнува Преподобен Атанасиј Атонски

Беше роден во Трапезунт, од богобојазливи родители. Рано остана сираче, а по Божја Промисла го зеде некој војвода, го одведе во Цариград и го даде да ги изучува науките. Заради својата кроткост и смиреност им беше миленик на врсниците. Во детските игри тие ќе го избереа овој за цар, оној за војвода, а Атанасиј за […]

Повеќе

Пецаков: Општина Охрид инвестира над 7,3 милиони денари во подобрување на комуналната инфраструктура

Општина Охрид продолжува со реализација на инфраструктурни проекти со цел подобрување на условите за живеење на граѓаните. Во тек е доизградба на атмосферски канал на улицата „АСНОМ“ во населбата „Бејбунар“, каде се поставува ПЕФ 630 цевковод во должина од 400 метри, во вредност од 4,35 милиони денари. Истовремено, ЈП „Нискоградба“ изврши партерно уредување на дел […]

Повеќе

Префинето музицирање на триото „Кимера“

Незаборавно музичко доживување исполнето со виртуозност и длабока емоција приреди италијанското трио „Кимера“ кое настапи вчеравечер на 66.издание на фестивалот „Охридско лето“. Публиката во црквата „Света Софија“ ги почувствува индивидуалните музички квалитети на пијанистката Марта Черета, на виолинистот Стефано Ракањи, како и на виолинистот Џорџо Лукини, но не помалку се чувствуваше и префинетоста во заедничкото […]

Повеќе

Денес се празнува Свети Андреј, архиепископ Критски

Роден е во Дамаск од родители христијани. Се роди нем и така остана до неговата седма година. Кога родителите го одведоа во црква и го причестија, тој проговори. Толкава е силата на Божествената Причест! Во својата четиринаесетта година отиде во Ерусалим и прими монашки потстриг во лаврата на Свети Сава Осветен. Со разумот и подвигот […]

Повеќе

Прв координативен состанок во рамки на проектот „Adventour II – Accessible Adventure Across the Borders“

Вчера во Охрид се одржа првиот координативен состанок во рамки на проектот „ADVENTOUR II – Accessible Adventure Across the Borders“, кој се реализира преку Interreg VI-A IPA Greece – North Macedonia Programme 2021–2027. На состанокот, покрај претставниците на Општина Охрид, присуствуваа и претставници на сите проектни партнери: YMCA од Солун, Грција; Грчката национална туристичка организација; […]

Повеќе

Нов и модерен систем за паркирање во Охрид

Ј.П. „Билјанини Извори“ воведе нов софтверски систем за паркирање, со кој на граѓаните и посетителите им се овозможува побрзо, поедноставно и целосно онлајн плаќање на паркинг-услугите. Со новиот систем, месечните билети за паркирање може да се купат и платат онлајн, без потреба од физичко доаѓање во просториите на претпријатието и без плаќање во готово. Месечните […]

Повеќе

Локализиран пожар кај поранешните воени магацини во Охрид

На 15.07.2026 околу 20:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар кај поранешните воени магацини во охридската населба „Бејбунар“. Во пожарот нема повредени лица, а била зафатена поголема површина на борова шума и нискостеблеста вегетација. Пожарот е локализиран од Територијалната противпожарна единица Охрид. Please follow and like us:

Повеќе

Денес се празнува Светиот маченик Јакинт

Млад дворјанин на царот Трајан, потаен христијанин. Еднаш додека царот со сите свои дворјани свечено им принесуваше жртви на идолите, Јакинт изостана од оваа скверна свеченост. Затоа беше обвинет и изведен пред царот на суд. Царот го советуваше да се откаже од Христа и да им принесе жртви на идолите. Но, Јакинт остана тврд како […]

Повеќе