Општина Охрид продолжува со реализација на инфраструктурни проекти со цел подобрување на условите за живеење на граѓаните. Во тек е доизградба на атмосферски канал на улицата „АСНОМ“ во населбата „Бејбунар“, каде се поставува ПЕФ 630 цевковод во должина од 400 метри, во вредност од 4,35 милиони денари.
Истовремено, ЈП „Нискоградба“ изврши партерно уредување на дел од улицата „Шар Планина“, со поплочување на 1.200 квадратни метри со бехатон плочки, проект вреден речиси 3 милиони денари. Двата проекти се финансирани од буџетот на Општина Охрид и се дел од континуираните напори за модернизација на локалната инфраструктура.
https://www.facebook.com/share/p/1ERkSeViPx/
Please follow and like us:

