Охриѓанец затекнат при вршење кражба во Градски гробишта

На 18.05.2023 околу 13 часот, при вршење кражба од кругот на Јавното претпријатие „Градски гробишта“ во Охрид, бил затекнат А.А.(51) од Охрид. Одземените предмети се вратени на претпријатието, а по целосно расчистување и документирање на случајот против А.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Please follow and like us:

Повеќе

(ФОТО) „Mатурска парада“ на градскиот плоштад во Охрид

Околу 400 охридски матуранти од средните училишта ОСУ„ Св. Климент Охридски“, СОСУ„Св. Кирил и Методиј“, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, беа дел од манифестацијата „Mатурска парада“ што се одржа денеска на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“. Пред бројната публика, матурантите точно напладне го одиграа танцот „квадрил“ од штраусовата опера „Лилјакот“. На настанот, пред присутните свое обраќање […]

Повеќе

(ФОТО) Бројни награди за охридските ученици на Државниот атлетски натпревар

Со највисоки освоени места и низа награди се вратија средношколците и основците од охридските училишта по вчера одржаниот Државен натпревар по Атлетика во Куманово. Во категоријата скок во височина, жени, прво место освои Климентина Модева од ООЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, а во истата категорија, кај мажите, третото место го освои Бојан Секулоски од ОСУ „Свети Климент Охридски“. Во категоријата фрлање ѓуле, […]

Повеќе

Пецаков: Воведуваме нова мерка за поддршка на талентираните ученици и нивните ментори

За првпат оваа година општина Охрид покрај стипендиите кои ги доделува за учениците од општинските основни и средни училишта и традиционалното доделување на награди за постигнати успеси по повод 24 ти Мај денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј„ ќе се доделат и парични награди за учениците од основните и средните училишта во општина […]

Повеќе

76-годишен охриѓанец бил физички нападнат од сограѓанин

На 15.05.2023 околу 12.00 часот на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од А.Ј. врз Ј.М.(76), двајцата од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Please follow and like us:

Повеќе

Во Охрид се одржува Петтиот меѓународен конгрес на гинеколози и опстетричари

Градоначалникот Кирил Пецаков вчеравечер присуствуваше на свеченото отворање на Петтиот меѓународен конгрес на гинеколози и опстетричари кој се одржува во Охрид. Организатор на конгресот е Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО во соработка со Македонското лекарско друштво. Градоначалникот Пецаков во своето обраќање пред присутните истакна: -Ми причинува големо задоволство, во мое лично име […]

Повеќе

(ФОТО) Во пресрет на туристичката сезона во Охрид се уредуваат јавните површини

Во пресрет на летната туристичка сезона, започнавме активности за уредување на јавните површини на територија на Општина Охрид. Во тек се активностите за санација на кружните текови, пешачко – рекреативните патеки, мини плоштади и паркови, објави градоначалникот Кирил Пецаков на својата официјална фејсбук страница. “На кружните текови веќе се санираат елементите што се оштетени и […]

Повеќе

Градоначалникот Пецаков оствари средба со конзулот на Република Чешка, Давид Чернохорски

Градоначалникот Кирил Пецаков, денес, оствари протоколарна средба со конзулот на Република Чешка во Македонија, Давид Чернохорски. На средбата беше разговарано за остварување на соработка во повеќе области, а акцент беше ставен на привлекување чешки инвестиции во Охрид. Потенцирано беше дека општината и конзулатот негуваат добри односи и се разгледуваа можности за нивно издигнување на повиско […]

Повеќе

Две лица повредени во сообраќајка на патот Охрид-Кичево, помеѓу селата Арбиново и Сливово

На 10.05.2023 во 18.05 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу с.Арбиново и с.Сливово, патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(20) од с.Франгово, струшко, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ф.Д.(54) од с.Франгово, а со телесни повреди се здобил возачот констатирани […]

Повеќе

(ФОТО) Со турнир во баскет, во Охрид се одбележа Светскиот ден на физичката активност

Со организирање на Завршниот турнир во баскет за основните училишта, денеска на спортските терени во ООУ „Св.Климент Охридски“ беше одбележан Светскиот ден на физичката активност во Охрид. Турнирот е во рамки на Училишните спортски лиги и го организираше Сојузот на училишен спорт во соработка со Одделението за спорт и млади при Општина Охрид. Пред почетокот […]

Повеќе