Пецаков: Воведуваме нова мерка за поддршка на талентираните ученици и нивните ментори

Охрид

За првпат оваа година општина Охрид покрај стипендиите кои ги доделува за учениците од општинските основни и средни училишта и традиционалното доделување на награди за постигнати успеси по повод 24 ти Мај денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј„ ќе се доделат и парични награди за учениците од основните и средните училишта во општина Охрид и нивните ментори кои постигнале успеси на државни и меѓународни натпревари на натпреварите во знаење по наставните предмети. Ќе се доделува парична награда и за првенецот на генерацијата избран од страна на наставничкиот совет на училиштето.

За таа цел е донесен правилник во кој точно се утврдени критериумите, начинот и постапката за доделување на наградите кои дополнително го вреднуваат успехот на учениците. Постапката ќе се спроведе во текот на месец јуни во соработка со општинските основни и средни училишта, објави градоначалникот Кирил Пецаков на својата официјална фејсбук страница.

Please follow and like us:
Tagged