(ФОТО) Бројни награди за охридските ученици на Државниот атлетски натпревар

Охрид Спорт

Со највисоки освоени места и низа награди се вратија средношколците и основците од охридските училишта по вчера одржаниот Државен натпревар по Атлетика во Куманово.

Во категоријата скок во височина, жени, прво место освои Климентина Модева од ООЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, а во истата категорија, кај мажите, третото место го освои Бојан Секулоски од ОСУ „Свети Климент Охридски“.

Во категоријата фрлање ѓуле, жени, третото  место го освои Климентина Модева од ООЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. 

Во категоријата скок во далечина, мажи , второто место го освои Александар Камнароски од ООЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. 

Во категоријата трчање на 400 метри, мажи, третото место го освои Михаил Николоски од ОСУ “Свети Климент Охридски”.

Во категоријата трчање на 400 метри, машки штафета, трето место освоија учениците од ОЕМУЦ. 

Што се однесува до основните училишта, во категоријата скок во височина, жени, второто место го освои Матеа Матеска од ООУ „Христо Узунов“, а во истата категорија, мажи, прво место освои Влатко Кркачоски од ООУ „Живко Чинго“, а второ место, Матео Сиљаноски од ООУ „Христо Узунов“.

Во категоријата трчање на 100 метри, мажи, првото место го освои  Влатко Кркачоски од ООУ „Живко Чинго“.

Во категоријата трчање на 600 метри, жени, првото место го освои Јана Секулоска- Анакиеска од ООУ „Братство и Единство“.

Во категоријата трчање на 300 метри, жени, третото место го освои Калина Ангелоска од ООУ „Григор Прличев“.

Во категоријата скок во далечина, мажи, третото место го освои Христијан Стојаноски од ООУ „Ванчо Николески“, а во трчање штафета на 100 метри, жени, второто место го освоија ученичките од ООУ „Григор Прличев“.

Организатори на настанот се Атлетската федерација на Македонија и Федерацијата  на училишен спорт на Македонија.

Please follow and like us: