Охрид е најуспешна општина во државава во однос на системот за заштита и спасување

Општина Охрид претставува позитивен пример во однос на организација, функционирање и финансирање на системот за зштита и спасување –  ова е наведено во конечниот извештај на Државниот  Завод за Ревизија  на тема: “Градење на систем за управување со кризи, заштита и спасување преку инвестиции во опрема и ресурси, одржување на средствата со цел да се […]

Повеќе

Скопјанка пријавила дека била физички нападната од сопругот во нејзиниот дом во Охрид

На 17.08.2026 во 20:00 часот во СВР Охрид, 43-годишна жена од Скопје, со престој во Охрид, пријави дека на 16.08.2026 околу 22:30 часот во нејзиниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг, со кого не живееле заедно. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Please follow and like us:

Повеќе

Колумна на Слободан ТОМИЌ – Охридскиот Трон — Свето наследство и обврска кон идните генерации

Пишува: Слободан ТОМИЌ Охридскиот трон не е политичка категорија. Тој е духовно наследство на вековите, сведоштво за верата, Светото Предание и историското паметење на народот. Светиот Дух не се руши со султански ферман, ниту со политички одлуки. Укинувањето на една црковна институција не значи исчезнување на духовната меморија. Она што е запишано во душата на […]

Повеќе

Музиката успева да ги зближи луѓето онаму каде честопати зборовите и политичарите не успеваат

Во извонедниот амбиент на Долни Сарај вчеравечер беше реализиран уште еден од низата успешни концерти од музичката програма на „Охридско лето“. Овојпат, главни актери беа младите музичари од регионот, обединети во Младинскиот оркестар на Западен Балкан. Вкупно 75 врвни инструменталисти-членови на оркестарот, под диригентската палка на маестро Десар Сулејмани, музицираа со фантастична мотивираност, ослободувајќи моќна […]

Повеќе

Перцан: Огромна инспирација е да се работи со младите

Македонскиот виолинист со интернационална кариера Емилио Перцан заедно со пијанистката Тамила Гулијева изминатите денови во Охрид го водеа Меѓународниот семинар за виолина, виола и камерна музика, а крајот на семинарот беше означен вчера со завршен концерт на учесниците во рамки на фестивалот „Охридско лето“. Годинава на семинарот учествуваа 11 млади од Украина, Словенија, Перу, Србија, […]

Повеќе

Четири лица приведени по меѓусебна тепачка во казино во Охрид

На 16.08.2026 во 07:30 часот во казино во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода (25) од Пробиштип, (25) од Пробиштип, (33) од Прилеп и (53) од с.Велгошти, охрид затоа што претходно го нарушиле јавнито ред и мир со меѓусебна физичка пресметка во казиното. По целосно документирање на случајот против нив ќе […]

Повеќе

23-годишен скопјанец физички нападнат од две лица во угостителски објект кај Св. Наум

На 16.08.2026 во 15:39 часот во СВР Охрид, (23) од Скопје пријавил околу 15:30 часот во угостителски објект во комплекс Св. Наум во Охрид бил физички нападнат од едно женско и едно машко лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. Please follow and like us:

Повеќе

Физички нападнат 21-годишен охриѓанец додека обезбедувал фабрика на улицата „Петрино“

На 16.08.2026 во 23:20 часот во СВР Охрид, (21) од Охрид, вработен во агенција за обезбедување, пријави дека на 15.08.2026 околу 06:10 часот пред влезот на фабриката на ул.„Петрино“ во Охрид, каде што бил ангажиран, бил физички нападнат од лице, вработен во фабриката. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. Please follow and like us:

Повеќе

ЗАПОЧНУВА 16-тиот ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНА КУЛТУРА „ПОБРАЖЕЊЕ“- ВЕВЧАНИ

Денеска во Вевчани свечено ќе биде отворен 16-тиот по ред фестивал на народна култура „Пображење“ во организација на Културно Уметничкото Друштво „Дримкол“. Свеченото отворање на фестивалот ќе биде на големата сцена во спортското двориште во центарот на Вевчани. Фестивалската програма, започна уште вчера со програмската содржина: ,,Охрид и Струга – етнографски бисери на балканот” од […]

Повеќе