Приведени двајца охриѓани, полицијата пронајде марихуана во возилото во кое се превезувале

Охрид Црна хроника

На 22.03.2023 околу 18.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид приведоа двајца охриѓани на возраст од 38 и 40 години.

При преглед во патничко возило со охридски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Please follow and like us:
Tagged