СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37-годишен охриѓанец поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
При претрес извршен во неговиот дом по судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана и шприц со смола од хашиш, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Please follow and like us:

