Честитка од градоначалникот Пецаков до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Охрид

По повод големиот христијански празник  Воскресение Господово – Велигден,  градоначалникот Кирил Пецаков, упати честитка до сите христијани со католичка вероисповед.

– Драги охриѓани, верници со католичка вероисповед, сите сограѓани кои го прославувате најрадосниот христијански празник Велигден по Грегоријанскиот календар, најискрено ви го честитам  празникот посакувајќи да го поминете во мир, благосостојба и среќа. 

Христовото воскресение нè учи дека вербата и надежта нè прават човечни. Затоа и понатаму да останеме свои, обединети во духот на промовирањето на вистинските вредности кои ќе придонесат во зацврстувањето на меѓусебната доверба и почит. Во духот на толеранцијата и меѓусебното почитување овој голем христијански празник не потсетува дека сите во себе носиме љубов и радост.

Со добра мисла и спокој во душите на овој ден посакуваме здравје и среќа за ближните, милост и благослов за изнемоштените и молитва за немоќните и слабите.

Христос воскресна! Навистина воскресна! Честит празник и за многу години!

Please follow and like us:
Tagged