ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува честитки до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар.
Во честитката се вели:
“Христовото Воскресение е универзален симбол на повторното раѓање, на победата на животот над смртта.
Велигден дава голема радост и надеж, воскреснатиот Исус Христос е наш тивок придружник кој нè придружува.
Во Охрид се чувствуваат промените и се гледаат убавите дела, а сега на ред е и иднината на Македонија затоа да го сочуваме идентитетот и да не се потклекува на нереалните барања.
Посакуваме мир, љубов, здравје и среќа.
Честит празник Воскресение Христово – Велигден”!
Please follow and like us:

