Се доделуваат канти за отпад за жителите на улиците „Кузман Шапкарев“, „Ѓорче Петров“ и дел од „Питу Гули”

Охрид

Продолжуваат активностите за доделување на канти за отпад на жителите на улиците „Кузман Шапкарев“, „Ѓорче Петров“ и дел од „Питу Гули” (парни броеви од куќи опфат бр.124-бр.402 и напарни броеви од куќи опфат бр.61-бр.101), објави градоначалникот Кирил Пецаков на својата официјална фејсбук страница.

Граѓаните ќе можат кантите да ги подигнат во просториите на Секторот за механизација при Ј.П. „Охридски Комуналец“лоциран на ул.„АСНОМ“ во период од 12.04.2023 год. до 11.05.2023 год., од 08.00 до 13.00 часот секој работен ден (од понеделник до петок).

Граѓаните при подигнувањето на кантите треба да приложат лични документи за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење и сметка за собирање, транспортирање и депонирање на комунален отпад од Ј.П.„Охридски Комуналец“, напиша градоначалникот Пецаков.

Please follow and like us:
Tagged