Охриѓанката Христијана Парулеска освои злато на Европското првенство во ИТФ Таеквон-до

Охрид Спорт

Македонската Репрезентација во Традиционално Теквон-до MTTF при ITF е сопственик на злато.

За прв пат на големото европското првенство, кое се одржува во Јесоло-Италија се слушна македонската химна.

Првото злато за Македонија, го освои нашата репрезентативка Христијана Парулеска која доаѓа од таеквон-до клубот Hwa rang ITF од Охрид. Таа, на патот до финалето ги совлада репрезентативките од Бугарија и Хрватска, а во финалето ја совлада противничката од Украина.

“Златото ни е заслужено и според мене не е изненадување. Чест и гордост е да ја слушаат и поздрават сите нашата химна. Знаејќи ги можностите на нашите репрезентативци. Очекувам и во преостанатите денови од ова Европско Првенство да прикажеме одлични борби и да се закитиме со уште медали. Сакам да го искажам моето задоволство, како Претседател на Македонската Федерација во Традиционално Теквондо MTTF при ITF што овие освоени медали ќе бидат мотив за многу деца и младинци да се запознаат со овој боречки спорт, изјави селекторот на Македонската репрезентација, Марјанчо Лазарески

За потсетување, нашата репрезентативка Христијана Парулеска, на стартот на ова Европско Првенство го освои и сребрениот медал во форми

Please follow and like us: