На 7 мај во Охрид ќе се одржи Мастерс квиз на републичко ниво

Охрид

Браќа земјаци и мили комшии!

Мије – вашите роднини, другари и комшии од Македонска квиз асоцијација – запрепастени од монотонијата што владејт околу нас, волни да додајме некоја културно-забавна содржина и решени знаењето да го напрајме фраерлак – ве каниме на мајска дружба.

Се изнаслушавме (а, богами, и се изназборвавме) муабети дека немат луѓе и дека ништо не се дешават надвор од оние неколку недели туристичка сезона, па решивме малце да придонесиме за да се размрдат нашиов крај и во овај „бош“ период. Ево ни можност за сите заедно да смениме нешто и барем накратко да излезиме од кафеџиската спирала.

Имено, Охрид е одреден да бидит домаќин на Мастерс квиз што го организират Македонска квиз асоцијација. На гости ни идет љубители на квизој и енигматика од цела Македонија, па зато ве каниме сите заинтересирани да се пријавите. Ќе се мозгат и одговарат на 200 прашања од 8 општи теми: историја, култура, медиуми, забава, животен стил, наука, свет и спорт – секоја тема по 25 прашања. Пошто немат лабаво и работава е фатена озбилно, прашањата ги составјат живата легенда и квизашки гуру – Бари Исени.

Настанот е закажан на 7. мај во 12:00 сатот и ќе се решават во амфитеатарот од она што некогаш се викаше дом ЈНА, покасно дом АРМ, а сега е универзитет Свети Апостол Павле (ова е за да се снајдет сите генерации, дан се збунит некој). Ќе се решават два сата на две рати од по еден сат, со пауза на среде, колку да се земит малу душа и да се скршит некој муабет.

Иначе, друштвото е потполно опуштено, значи не морат да имате некои огромни знаења. Немаме ни мије, да си речиме отворено. Доволна е воља за дружење и желба да се тестират сопственото познавање од разни области. Ак ништо друго, сите заедно ќе научиме 200 занимливости, ќе се запозниме со луѓе од цела Македонија, ќе се помуабетиме и ќе имаме што забавно да прајме меѓу славење Ѓурѓовден и Победа.

Поќе информации во врска со самиот настан имате на фејзбукот од Македонска квиз асоцијација (https://www.facebook.com/profile.php?id=100075746033829 ). Пријави збираме на нашата локална фејзбук страница (на која ве охрабруваме да се зачлените): Квизови – Охрид, Струга и околината (https://www.facebook.com/groups/1348188802587671 ) или на телефон 076/857-210 (Славчо) или 075/686-767 (Стефан). Слободно обратете ни се ак имате било какви прашања, нејаснотии или чисто од чашитлама.

Иначе, одма да ви речиме дека ќе учествувает мажи и жени, ученици и пензионери, богати и сиромаси… така да, ич да не се срамите да дојте – сигурно ќе имат некого ко вас.

Ве чекаме со пријави и се гледаме на седми!

Македонска квиз асоцијација – охридско-струшки огранок

Please follow and like us: