Христијана Парулеска од Охрид се закити со сребро на Европското првенство во ИТФ Таеквондо во Италија

Охрид Спорт

Македонската репрезентација во традиционално Таеквондо е во Јесоло, Италија каде учествува на Европското првенство во ИТФ таеквондо.

Нашата репрезентација имаше успешен старт и веќе освои еден медал. Христијана Парулеска од Охрид се закити со сребро. 

“На првиот натпреварувачки ден, на наше задоволство, репрезентација го освои првиот медал. Натпреварувањата продолжуваат и сметам дека имаме квалитетни натпреварувачи и реални очекувања за уште одличја”, изјави селекторот на македонската МТТФ репрезентација, Марјанчо Лазаревски.

Македонската репрезентација е составена од претседателот Марјанчо Лазарески, кој воедно е и селектор, и 7 репрезентативци и тоа 3 во женска и 4 во машка категорија.

Најбројни се репрезентациите на Украина, Чешка, Грција, Англија, Италија, но тука се и репрезентациите од Србија, Хрватска, Германија, Австрија, Словенија, Ирска, Велс, Бугарија.

Европското првенство ќе трае до 24-ти април.

Please follow and like us: