Јавна анкета и јавна презентација за ЛУПД за проект “КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ“, Општина Охрид

Охрид

Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 05/02) и член 34 од статут на општина Охрид („Сл. Гласник на општина Охрид“ бр. 08/07 и 01/08), а во врска со член 46 став (9) и член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр. 199/14 , 44/15, 193/15, 31/16, 163/16 и 64/18) и член 95 став(1) од Законот за урбанистичко планирање(„Сл. весник на РСМ“ бр. 32/20), Градоначалникот на општина Охрид, објавува

С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРОЕКТ “КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ”, КО ОХРИД 4, ОПШТИНА ОХРИД

СЕ ОРГАНИЗИРА јавна анкета и јавна презентација за ЛУПД за проект КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ, КО Охрид 4, Општина Охридсо техн.бр. L3016 од  октомври 2022 год. изработен од Агенција за планирање на просторот- Скопје

  1. Планскиот опфат за ЛУПД за проект “КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ”, КО Охрид 4, Општина Охрид со површина од35 ха, во рамки на катастарските парцели: КП 2113, КП 2112, КП 2100/1, КП 2100/4,    КП 2099/1, КП 2099/2, КП 2085/1, КП 2085/2, КП 2128/1, КП 2128/2, КП 2129, КП 2127/1, КП 2127/2, КП 2126, КП 2114/1, КП 2114/2,     КП 2111/1, КП 2111/2, КП 2110, КП 2115, КП 2116, КП 2101/1,        КП 2101/2, КП 2102, КП 2103, КП 2098, КП 2086/2, КП 2086/1,        КП 2083/1, КП 2083/2, КП 2083/4, КП 2083/5, КП 2083/3, КП 2084/2, КП 2081/2, КП 2081/4, КП 2081/12, КП 3074, КП 3073, КП 3072,      КП 3075, КП 3058/1, КП 3058/2, КП 2084/1, КП 2081/10 и КП 2081/9, КО Охрид 4, Општина Охрид.
  2. Јавната анкета ќе трае од 26.04.2023 – 04.05.2023 год.
  3. Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 02.05.2023 год. со почеток во 10:00 часот.
  4. Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица планот ќе биде истакнат во холот на општина Охрид пред големата сала за состаноци.
  5. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 13.00 до 15.00 часот во просториите на општина Охрид во времетраење на јавната анкета.
  6. Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета, може да ги доставуваат на анкетни листови до надлежниот орган кој е организатор на анкетата.

СИНТЕЗЕН ПРИКАЗ

АНКЕТЕН ЛИСТ

Please follow and like us:
Tagged