Огромно засилување на ГРК Охрид за следната сезона!

Охрид Спорт

Хрватот Рудолф Ѕвонимир Сафранко потпиша 2 годишен договор со екипата на ГРК Охрид!

23 годишниот хрватски репрезентативец (196cm, 99kg) игра на позиција лев бек! Доаѓа од тимот на Цирих (Швајцарија) со просек од 6.1 голови по натпревар.

Хрватот ја започнува својата кариера за РК Загреб, потоа настапувал за екипата на Умаг, Добова (Словенија) пред да замине во тимот од Швајцарија. Има над 20 настапи за сите младински категории на Хрватската репрезентација.

Please follow and like us:
Tagged