Кај 27-годишна охриѓанка пронајдена марихуана

Охрид Црна хроника

На 24.04.2023 околу 17.20 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 27-годишна охриѓанка.

При преглед кај неа и во возилото во кое се превезувала, била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, се вели во билтенот на СВР Охрид.

Please follow and like us:
Tagged