Охриѓанец бил измамен од едно лице за сума од 3.000 евра

Охрид

На 24.04.2023 во 13.40 часот во СВР Охрид, 91-годишен охриѓанец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 3.000 евра.

Според пријавеното, околу 11.30 часот на бул. „Македонски просветители“ лицето започнало разговор со него и побарало да му даде пари за да ги покаже на негов пријател од странска земја.

Како што е пријавено, тој ги земал парите од негов пријател и откако му ги дал, лицето заминало и не се вратило, по што сфатил дека е измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.

Please follow and like us: