Плоштадот кај Чинарот чека одобрение од УНЕСКО

Охрид

Плоштадот Крушевска република ќе добие нов лик, но се чека одобрението од УНЕСКО.

Во меѓувреме се подготвува просторот. Се отстранува фонтаната на плоштадот.

По отстранувањето на фонтаната и додека се чека одобрението, плоштадот ќе се приспособи за летниот период.

Граѓаните признаваат дека фонтаната одамна требаше да се отстрани, затоа што го „нагрдувше“ изгледот на плоштадот. 

Според проектот, плоштадот ќе добие нов и модерен изглед, со нова урбана опрема, канделабри, осветлување со лед светилки, фонтана, садници и клупи, канти за отпадоци.

Од страна на НУ „Завод и музеј“ Охрид претходно беа спроведени археолошки истражувања во насока на утврдување дали и каков археолошки материјал има, со цел добивање одобрение за реконструкција.

Директорката на Завод и музеј Охрид, Катерина Велковска, за Охрид 1 вели дека минатата година се направија сите истражувања на плоштадот и може да се започне со реконструкцијата. Додава дека без никаков проблем може да се направи партерно уредување на просторот.

извор: Охрид 1

Please follow and like us: