Честитка од ВМРО-ДПМНЕ Охрид по повод 1 Мај – Ден на трудот

Охрид

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите граѓани им го честита 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот.

Во честитката се вели:

“Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај ги промовира работничките права и ја означува истрајноста на работничкото движење.

Ние, како носители на локалната власт во градот продолжуваме да ги подобруваме работничките права и социјалниот статус на работниците.

Работниците заслужуваат поголемо достоинство кое е остварливо само преку силна економија ослободена од притисокот на централната власт.

Потребни се промени за посигурна иднина во Македонија.

Честит 1 Мај – Ден на трудот”!

Please follow and like us:
Tagged