На 31.05.2023 во 19.10 часот на крстосница од булевар „Македонски просветители“ со улица „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 54-годишен охриѓанец.
Тој, откако ги забележал полициските службеници, фрлил пакување со кафеава прашкаста материја и се обидел да ја уништи. Од него било одземено ќесе со траги од кафеава прашкаста материја.
Подоцна, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени дигитална вага и повеќе предмети со траги од кафеава прашкаста материја.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Please follow and like us: