(ФОТО) На охридскиот аеродром, ТАВ Македонија го пречека обновениот лет од Белград

Охрид

Аеродромскиот оператор ТАВ Македонија, денес, 19-ти јуни, на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид ги пречека првите патници кои дојдоа од Белград, притоа одбележувајќи го обновувањето на авиолинијата Белград-Охрид-Белград на Ер Србија.

Охридскиот аеродром Св. Апостол Павле срдечно ги пречека патниците на Ер Србија и од денеска ќе биде точката за повторно поврзување на Белград и Охрид, 4 пати неделно или секој понеделник, среда, петок и сабота, со што ќе се зајакне регионалното поврзување и поттикнување на економскиот и туристичкиот раст.

Ер Србија, националниот авиопревозник на Србија, ќе ги обнови директните летови меѓу аеродромот „Никола Тесла“ во Белград и аеродромот Св. Апостол Павле“ во Охрид, нудејќи им на патниците удобна и сигурна опција за патување меѓу двата динамични града со воздухоплови АТ7 со капацитет од 66 седишта.

Со обновувањето на оваа воздушна линија се докажуваат напорите за соработка меѓу Ер Србија и ТАВ Македонија, со цел подобрени можности за патување за патниците,  поттикнување на туризмот и олеснување на деловните врски.

„Ние, како ТАВ Македонија, со задоволство ја пречекуваме Ер Србија назад на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид како и обновената авиолинија на релација Белград-Охрид, по паузата од 2017 година. Ова обновување не само што повторно го поврзува Охрид, бисерот на Балканот, со главниот град на Србија, Белград, исто така означува и важна пресвртница во нашите напори за закрепнување по тешкиот и предизвикувачки период со кој се соочи авиоиндустријата на глобално ниво. Дополнително, повторното воведување на летовите на релација Белград-Охрид не само што ќе им користи на патниците кои патуваат за одмор но, исто така, ќе служи и како катализатор за економски раст на двете дестинации. Ќе го промовира туризмот, ќе ги зајакне деловните врски и ќе ја олесни културната размена меѓу Србија и Македонија. Уверени сме дека обновувањето на оваа авиолинија ќе обезбеди огромни можности за соработка, трговија, и размена на идеи. Тимот на охридскиот аеродром е посветен на обезбедување безбедно и ефикасно аеродромско искуство за сите патници додека тесно соработува со Ер Србија за да се осигура дека нивното патување е непречено и пријатно.“ изјави Неџат Курт, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Патниците кои патуваат на релација Белград-Охрид можат да очекуваат исклучителна услуга и удобно патување со авиокомпанијата Ер Србија, додека аеродромот Св. Апостол Павле Охрид останува посветен на обезбедување одлична услуга, давајќи ѝ приоритет на безбедноста, како и придонесувајќи за економскиот раст и развој на локалната заедница и туристичката индустрија.

„Почнувајќи од денес, нашата компанија ќе лета меѓу Белград и Охрид. До градот во Македонија ќе летаме четири пати неделно, секој понеделник, среда, петок и сабота. Веруваме дека нашите летови ќе бидат дополнителна мотивација за патниците од целиот регион на Западен Балкан летово да го посетат Охрид и да откријат зошто го носи атрибутот „Ерусалим на Балканот“, изјави Бошко Рупиќ, Директор за комерцијални работи и стратегии на Ер Србија.

Патниците можат да ги резервираат своите авионски билети преку веб-страницата на Ер Србија и ќе имаат можност за само 1 и пол час да пристигнат во Охрид или Белград, да уживаат во нивниот престој и да ги посетат извонредните места и атракции на двата града.

Please follow and like us:
Tagged