Јаким Каневче прогласен за Првенец на генерацијата во ООУ „Св. Климент Охридски“

Охрид

ООУ „Св. Климент Охридски“ им ги додели Климентовите награди на учениците, а воедно беше прогласен и Првенецот на генерација.

Според Правилникот на ова училиште, оваа година наградата ја понесе ученикот Јаким Каневче.

Од сè срце им честитаме на нашите ученици и им посакуваме да продолжат да редат успеси онака како што тоа најдобро го правеа во нашето училиште, велат од ООУ „Св. Климент Охридски“.

Please follow and like us: