Градоначалникот Пецаков му изрази поддршка и му посака успех на Кристијан Шишкоски на Олимпијадата во Токио

Охрид

Денеска во кабинетот на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на средба беа Кристијан Шишкоски, еден од средношколците во тимот на Македонија на Олимпијадата по физика во Токио и првенец на генерација заедно со директорката на Гимназијата, Светлана Велкоска.

Повод на денешната средба е заминувањето на Кристијан на Олимпијадата по физика во Токио, а Градоначалникот на негово огромно задоволство искажа безрезервна поддршка со цел тргнување и учество на Олимпијадата.

Посакувајќи му успех и да освојува уште многу награди и признанија со своите знаења, кои се гордост на нашата Гимназија, на нашиот Охрид и воопшто на Македонија.

Среќно Кристијан на Олимпијадата и уште поголеми успеси во иднина!

Please follow and like us: