(ФОТО) Улицата “Марко Цепенков” во Охрид доби нов и современ лик

Охрид

Денеска беше поставен завршниот слој асфалт на улицата “Марко Цепенков”.

Асфалт се постави во должина од 430 метри и ширина од 10.5 метри. Претходно на улицата се постави атмосферска канализација и се уредија партерно тротоарските површини.

Сега улицата “Марко Цепенков” е побезбедна за сите учесници во сообраќајот и доби нов и современ лик.

Вкупната вредност на реконструкцијата изнесува 15 000 000 денари, од кои 5 000 000 денари за поставување на атмосферска канализација се одвоени од буџетот на Општина Охрид, напиша градоначалникот Кирил Пецаков на својата официјална фејсбук страница.

Please follow and like us:
Tagged