Во насока на подобрување на условите за одвивање на наставниот процес, набавивме нови клупи и столчиња за ОУ „Христо Узунов“, објави градоначалникот Кирил Пецаков на својата официјална фејсбук страница.
“Со нови клупи и столчиња опремени се 13 училници, а вредноста на инвестицијата е околу 1 700 000 денари. Средствата се одвоени од буџетот на Општина Охрид.
Продолжуваме и понатака во исполнување на нашата цел, а тоа е издигнување на воспитно – образовниот процес на повисоко ниво”, напиша градоначалникот Пецаков.


Please follow and like us:

