(ФОТО) Во Велгошти одбележана 122-годишнината од формирањето на Првата Охридска востаничка чета

Охрид

Во организација на месната заедница на село Велгошти и МК ВМРО-ДПМНЕ Велгошти на 7 јули (Иванден) во манастирот ,,Св. Петка” во с. Велгошти се одржа чествување по повод 122-годишнината од формирањето на Првата Охридска востаничка чета.

На формирањето на четата присуствувале: Христо Узунов, Наум Цветинов, Андреј Христов, Наум Златарев и Никола Костојчинов, а според најновите откритија е забележано дека и мајката на Узунов присуствувала на овој настан.

Историски час одржа и пред присутните се обрати Мирко Томовски.

Свежо цвеќе положија делегациите на МЗ на село Велгошти, МК ВМРО-ДПМНЕ Велгошти, како и ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Please follow and like us: