67-годишна жена се удави во Охридското Езеро, во близина на плажа во Струга

Регион Црна хроника

На 25.07.2023 во 15.25 часот во ОВР Струга, пријавено е дека во водите на Охридското Езеро, во близина на плажа во Струга, била пронајдена удавена Ф.С.(67) од Ресен.

Лекар од Итната медицинска помош од Струга констатирале смрт без видливи траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Please follow and like us:
Tagged