Три лица повредени во сообраќајна несреќа на патот Охрид– Ресен, кај селото Лескоец

Охрид Црна хроника

Денеска (26.07.2023) во 00.05 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на магистралниот пат Охрид– Ресен, кај селото Лескоец, охридско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(31) од Охрид и патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.К.(53) од с. Горно Оризари, битолско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „опел“ констатирани во Општа болница Охрид, додека со телесни повреди се здобил возачот на возилото „пежо“ и сопатник од истото возило Н.А. од Охрид, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Please follow and like us:
Tagged