Во угостителски објект во Охрид полицијата констатирала бучава поголема од дозволената

Охрид

На 16.08.2023 во 22.57 часот во СВР Охрид, пријавено е дека во угостителски објект на кеј „Македонија“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со гласна музика.

Од извршената контрола и мерење со фонометар за мерење бучавост, констатирана е  јачина на бучава од 39,3 децибели, што е над дозволената вредност од 35 децибели.

По целосно документирање на настанот, против правното и одговорното лице ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Please follow and like us:
Tagged