Градоначалникот Пецаков: Охрид деновиве пулсира во спортски ритам

Охрид Спорт

Охрид деновиве пулсира во спортски ритам.

Вечерва свечено го означивме почетокот на ракометниот турнир “Крсте Андоновски”.

Како никогаш претходно во овој период од сезоната имаме квалитетни спортски и културно забавни настани кои значајно влијаат на продолжување на туристичката сезона.

Нашата замисла и цел е во иднина да организираме и поддржиме настани и манифестации од овој тип со што значително ја менуваме понудата во градот, напиша градоначалникот Кирил Пецаков на својата официјална фејсбук страница.

Покрај што вечерва беше отворен ракометниот турнир “Крсте Андоновски”, во полн ек е и Ohrid Water Festival.

Please follow and like us:
Tagged