Лазаревски: “ПН МЕТАЛ” на МТТФ им го трасира ПАТОТ ДО СВЕТСКИОТ ПИЕДЕСТАЛ

Охрид Спорт

Во Астана-Казахстан од 18.08-26.08 2023 година се одржа Светско Таеквон-до ИТФ првенство, на кое учествуваше репрезентацијата на МТТФ  под водство на Марјанчо Лазаревски, поранешен светски вицешампион Прага 1996.

Репрезентацијата на МТТФ беше претставувана од:

1.Марјанчо Лазаревски

-претседател на МТТФ (официјално лице и национален тренер)

2.Зоран Парулески

-потпретседател на МТТФ (официјално лице)

3. Христијана Парулеска

(натпреварувач)

-Пехар за најдобра кадетка во Европа Јесоло 2023

-Европски Шампион во спаринг борби Јесоло 2023

-Европски вицешампион во форми(борба со замислен противник) Јесоло 2023

-Европски вицешампион во спаринг борби Пореч 2022

4.Елена Јанеска

(натпреварувач)

-Европски вицешампион во спаринг борби Пореч 2022

5.Давид Крстески

(натпреварувач)

-Европски вицешампион во спаринг борби Пореч 2022                                                                                          – -Европски брозен медал во форми (борба со замислен противник) Римини 2019     

“Успехот на нашата репрезентација не е случаен ни изјавува Марјанчо Лазаревски, претседател на МТТФ, туку долгогодишна пордшка, вложувања и труд на нашиот Генерален спонзор “ПН МЕТАЛ”, кои верувајќи во нас, континуирано последните 10 години, не туркаат во нови победи и успеси. Генерален спонзор “ПН МЕТАЛ” е најзаслужен за сите наши успеси, веруваа во нас кога никој не веруваше, подавајќи ни рака и овозможувајќи на сите наши натпреварувачи, можност за учество на сите натпревари ширум Европа и Светот, на кои имаат постигнато голем број на државни и меѓународни успеси, како што е и последниот успех од Светско Таеквон-до ИТФ првенствово Астана-Казахстан, со кои се гордее цела Македонија. Можеме да кажеме дека е повеќе од успешен настап, настапот на МТТФ на Светското Таеквон-до ИТФ првенство во Астана-Казахстан, на кое учествуваа над 1000 натпреварувачи од 83 земји ширум светот, на кое настапивме со тројца натпреварувачи, кои се натпреваруваа во две дисциплини:

-Форми(борби со замислен противник)

-Спаринг борби

Имаше и натпревар за најдобра слика во текот на припремите за Астана.

ДАВИД КРСТЕСКИ

5 место во форми (борба со замислен противник) црн појас  први дан, победувајќи ги претставниците од Хондурас и Бугарија, додека во 1/4 финале беше оштетен од страна на судиите, во корист на претставникот од Аргентина

ЕЛЕНА ЈАНЕСКА 

5 место во спаринг борби, јуниорки 16-17 години, победувајќи  ја претставничката од Узбекистан, додека во 1/4 финале беше оштетена од страна на судиите, во корист на претставничката од Русија, која беше прва во нивната категорија

2 место за најдобра слика, во конкуренција од над 500 слики ширум светот, во текот на припремите за Астана, на која лично и додели награда (добок и ранец), директорот на “Дае До” генерален спонзор на ИТФ

ХРИСТИЈАНА ПАРУЛЕСКА

3 место во спаринг борби, јуниорки 14-15 години, победувајќи ги претставничките од Русија и Канада, додека во 1/2 финале против Грција, иако водеше 4:1, мораше да ја предаде поради повредата од 1/4 финале, а со тоа ни избега и златото, кои сме сигурни дека ќе го земеше, доколку не се повредеше.

5 место во форми (борба со замислен противник) црн појас први дан, победувајќи ги претставничките од Монголија и Русија.

Исто така Марјанчо Лазаревски користи прилика, да изрази најголема благодарност до Генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, кој е најзаслужен за сите нивни успеси и квалитетот на нашите натпреварувачи, огромна благодарност да Агенцијата за млади и спорт и општина Охрид кои ни дадоа безрезервна подршка, благодарност до сите медиуми, портали, подржувачи кои верно не подржуваат, се радуваат на нашите успеси и ни даваат мотив за уште поголеми успеси.

Please follow and like us: