Прво издание на Охридскиот џез фестивал

Култура Охрид

Во насока на збогатување на туристичката понуда со квалитетни настани и манифестации е и првиот Охридски џез фестивал кој се реализира во целосна организација на Општина Охрид.

Фестивалот започнува вечерва со настап на Горан Папаз и Ансамбл Билјана, а гости ќе бидат Танче Гроздановски и Ратко Даутовски, додека утре ќе настапи Џон И. Апелгрен квартет.

Охридскиот џез фестивал ќе се одржи во предворјето на црквата Св. Софија со почеток во 20:30 часот. Влезот е бесплатен.

Please follow and like us:
Tagged