Честитка од ВМРО-ДПМНЕ Охрид по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија

Охрид

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки по повод празникот 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија.

Во честитката се вели:

“8 Септември е силно врежан во нашиот национален код, а идеалите за слободна и независна Македонија остануваат вечни.

Борбата за Македонија никогаш не запира, особено не сега, кога ни се негираат идентитетот, јазикот и историјата, затоа како генерација имаме цел да го зачуваме македонскиот идентитет.

Македонија е нашата татковина и заедно со народот има да го постигнеме тоа.

Доаѓа времето кога треба да си ја вратиме државата назад.

Честит и вековит 8 Септември – Денот на независноста на Македонија!

Вечна Македонија”!

Please follow and like us:
Tagged