Изминативе денови општина Охрид започна со градежни активности за реконструкција на улица „7-ми Ноември“, која опфаќа изградба на нова атмосферска канализација, изведување на нови тротоарски површини и велосипедски ленти со автентичен материјал (украсен речен камен), спуштање на водовите на кабелските и другите оператори, комплетна реконструкција и нов асфалт на коловозната лента.
Во текот на вчерашниот ден беше завршена со асфалтирање локална улица во с.Велгошти со должина од 300 метри, со што се решава повеќедецениски проблем на жителите на Велгошти.
Денес изведувачот АД Илинден Струга е воведен во работа за реконструкција на Ул.”Гоце Делчев”, која за скоро време ќе добие нов современ лик.
Во наредните месец дена се очекува Министерството за транспорт и врски да даде одобрение за реконструкција на плоштадот “Крушевска Република”, како би можело да биде објавена постапка за избор на изведувач.
Граѓаните заслужуваат подобри инфраструктурни услови за живот, а обврска на локалната власт е истите да ги обезбеди, порача секретарот на општина Охрид, Александар Китески.