Охриѓанец лишен од слобода бидејќи се обидел да поткупи полициски службеници

Охрид

На 10.09.2023 во 19.35 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на кичевското село Зајас, полициски службеници од ОВР Кичево лишија од слобода 59-годишен охриѓанец.

Тој, по сторен сообраќаен прекршок, во личните исправи што им ги дал на полициските службеници, ставил пари како поткуп, а кои веднаш му биле вратени.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Please follow and like us:
Tagged