Воспоставени успешни партнерства за иден одржлив развој на руралните области на регионот на Охридското Езеро

Охрид Регион

Здружението на граѓани за рурален туризам, екологија и традиција – ОРТЕТ во партнерство со организациите Њу Импакт од Поградец, Балканија од Скопје и Лицеј од Белград, во изминатиот период од 4 месеци реализираше низа на проектни активности со финансиска поддршка на Фондот на Западен Балкан и Европската Унија, а во рамките на програмата за поддршка на граѓанските организации преку регионални активности – CN 2021/424879.

Во рамките на завршниот настан на 24 и 25 септември се презентираа резултатите на проектот од страна на партнерските организации и се воспоставија успешни партнерства за иден одржлив развој на руралните области на регионот на Охридското Езеро.

Краток опис на проектот:

Проектот со наслов “Green cohesion and Sustainable Tourism in the basin of Lake Ohrid” / “Зелена кохезија и одржлив туризам во сливот на Охридското Езеро” партнерско учество реализираа

 ORTET – Organization for rural tourism, ecology and tradition, Ohrid – R. Macedonia;

New Impact – Pogradec – Republic of Albania;

Balkania – Balkan Association for Alternative Tourism, Skopje – Macedonia

Licej – Belgrade – Republic of Serbia,

Со финансиска поддршка на WBF – Фондот на Западен Балкан.

 Главна цел на проектот беше да придонесе за регионална и прекугранична соработка и да ја зајакне регионалната кохезија во регионот на WB6, преку промовирање на инвестиции во човечки и социјален капитал што помага да се мобилизираат ресурсите во регионите за да одговорат на постојано менување на околината, поттикнувајќи иновативна деловна средина и поддршка. Ова е целосно во согласност со целите дефинирани во Иницијативата за Западен Балкан 6 (позната и како Берлински процес), Софиската Декларација за зелената агенда за Западен Балкан и Европскиот зелен договор.

Специфичните цели на проектот се:

Подигнување на свеста и знаењето за еколошката и социјалната отпорност во екосистемите на сливот на Охридското Езеро против климатските и економските промени, преку регионална и прекугранична соработка и размена на искуства на различни нивоа – во согласност со Европските зелени договори и Балканската зелена агенда за Одржлив развој.

Да се подигне нивото на зелени и одржливи економски активности преку туристичката понуда во проектниот регион – размена на искуства и знаења и компаративна анализа на одржливиот туризам;

Да се подготви нацрт-план со насоки за управување со еко-туризмот во целниот регион како дел од заштитено подрачје, да се создадат производи и услуги за екотуризам во целната област.

Во склоп на проектот се постигнати следните резултати:

  • Изработена е анализа на КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ и способност за климатски отпор во проектниот регион Охрид – Дебрца-Поградец,
  • Изработен е водич со основните параметри на балканската зелена агенда,
  • Изработена е компаративна анализа (бенчмаркинг), на туристичката понуда во проектниот регион споредена со анализи и искуства на европски и регионални високо развиени туристички дестинации на алтернативен (рурален, еко, гастрономски..) туризам,
  • Спроведени се теренски и онлајн анализи на состојби, потенцијали и можности за иден развој
  • Изработен водич со основните правци за развој на руралниот туризам во регионот. 
Please follow and like us:
Tagged