Шумската полиција од Охрид во содејство со П.С.-О.Н. при СВР Охрид, на ден 7.10.2023 година, при контрола на патот кај село Опеница затекнале ТМВ во кое бесправно се превезувало 4,2m3 дабово огревно дрво не жигирано и без испратница.
Исто така, на ден 9.10.2023 година при контрола на улица “Кленоец”, затекнале ТМВ во кое бесправно се превезувало 2,8m3 дабово огревно дрво без испратница.
Истиот ден, пред црквата Св. Недела во село Скребатно, затекнато било ТМВ во кое се превезувало 6m3 буково огревно дрво не жигирано без испратница.
И во трите случаи одземени се возилата и дрвната маса, а против извршителите ќе бидат поднесени соодветни пријави до Основниот суд Охрид.


Please follow and like us:

