Изминатиов викенд на 21.10 2023 година во Нови Сад, Србија, се одржа Меѓународен А класаТаеквон-до ИТФ натпревар “СРБИЈА ОПЕН 2023”, каде учество зеде и Македонската Традиционална Таеквон-до Федрација, предводена од претседателот Марјанчо Лазаревски, 2 официјални лица, 2 национални тренери и 3 асистент тренери, а на овој престижен натпревар правдата ја делеа и 4 наши меѓународни судии, додека боите на М.Т.Т.Ф. ги бранеа 18 наши натпреварувачи.
На овој натпревар учество зедоа 45 клуб од 15 земји и над 400 натпреварувачи.
Миа Танеска на која идол и е Христијана Парулеска, е најголемото изненадување за нас, која во рок од две седмици се закити со 3 златни медали и пехар за најдобра кадетка 10-11 години, се натпреваруваше во категорија девојчиња 10-11 години спаринг + 50 кг, и форми девојчиња 10-11 години зелен појас, освојувајќи го првото место во двете категории, а со тоа и го заслужи пехарот за најдобра кадетка во нејзината возрасна категорија, со што покажа дека е доследна на својот идол, а во иднина можеме да очекуваме уште многу поголеми успеси од нејзина страна.
Марио Крстески кој штоуку влезе во сениори, полека се приближува за критериум за учество на наредното Европско Првенство, освојувајќи златен медал во форми сениори за црвен појас, и бронза во борби сениори -57 кг.
Елена Јанеска нашата репрезентативка, која беше и судија и натпреварувач, иако напорно во стилот на големите мајстори се закити со два медали, злато во борби јуниорки 16-17 години -70 кг, и сребро во форми за црн појас први дан јуниорки 16-17 години.
Христијана Парулеска учествуваше како судија, поради повредата од светското првенство, која за жал уште треба да се санира.
Исто така одлично се претставија сите наши претставници кои вкупно освоија 20 медали од кои 6 златни, 4 сребрени, 10 бронзени медали, со што покажаа и ја оправдаа довербата што им беше дадена при изборот на натпреварувачи, изјави Марјанчо Лазаревски , претседател на М.Т.Т.Ф.
Освојувачи на медали се:
Миа Танеска – 1 место спаринг борби +40 кг. девојчиња 10-11 год.; 1 место форми за зелен појас девојчиња 10-11 год.; Пехар за најдобра кадетка, девојчиња 10-11 год.
Елена Јанеска – 1 место спаринг борби -70 кг. јуниорки 16-17 години; 2 место форми за црн појас први дан, јуниорки 16-17 години.
Трифуноска Анастасија – 1 место форми за жолт појас девојчиња 12-13 години; 3 место спаринг борби -50 кг. девојчиња 12-13 год.
Марио Крстески – 1 место форми за црвен појас, сениори 18-35 години; 3 место спаринг борби -57 кг. сениори 18-35 год.
Софија Колушоска – 1 место форми за црвен појас, јуниорки 14-15 години.
Давид Крстески – 2 место спаринг борби -63 кг. јуниори 16-17 години.
Климент Богоески – 2 место спаринг борби -60 кг. јуниори 14-15 години; 3 место форми за син појас, јуниори 14-15 години.
Михаил Јоноски – 3 место спаринг борби -69 кг. јуниори 16-17 години; 3 место форми за син појас, јуниори 14-15 години.
Лука Тодороски- 3 место спаринг борби -63 кг. јуниори 16-17 години; 3 место форми за син појас, јуниори 16-17 години.
Даријан Китаноски – 3 место спаринг борби -60 кг. деца 12-13 години; 3 место форми за зелен појас деца 12-13 год.
Тамара Тодороска – 2 место форми за жолт појас девојчиња 10-11 год.
Михаил Крстаноски- 3 место спаринг борби -45 кг. деца 12-13 год.