(ФОТО) Од плажа „Дебрца“ до плажа „Версус“ пронајдени осум рибарски мрежи со улов од 93 парчиња риба

Регион

Денеска (24.10.2023 ) по преземени мерки и активности, полициски службеници  од полициската станица за граничен надзор  „Охридско езеро“ на потегот од плажа „Дебрца“ до плажа „Версус“ – Струга,  на околу 1000 метри од брегот, пронајдоа осум рибарски мрежи со должина од по околу 100  метри, со улов од 93 парчиња риба, со вкупна тежина од 11.4 килограми.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Please follow and like us:
Tagged