Со автомобил удрил во паркирана работна машина и избегал, а го оставил и тешко повредениот сопатник

Охрид Црна хроника

На 30.10.2023 година во 21 часот, на улицата „7 ноември“ во Охрид, патнички автомобил „Рено“ со охридски регистарски ознаки, удрил во паркирана мобилна работна машина марка „Јан-Мар“.

Возачот на првото возило избегал и го оставил на местото на незгодата, а екипа на Итната медицинска помош, покрај истото го пронашла сопатникот 39-годишен охриѓанец кој, веднаш е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Поради констатирани тешки телесни повреди, тој е задржан на понатамошно лекување.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото на незгодата, извршија полициски екипи. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на првото возило кој избегал од лице место, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Please follow and like us:
Tagged