И судиите немоќни пред Елена Јанеска: Во рок од недела дена се закити со 2 златни и 2 сребрени медали

Охрид Спорт

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација, со пет натпреварувачи, јуниори 16-17 години, кои се натпреваруваа во две дисциплини, во спаринг (борби) и во форми (борба со замислен противник), изминатиов викенд зеде учество на еден од најпрестижните Меѓународни Таеквон-до ИТФ А класа натпревари во средна Европа, “МОРАВИА ОПЕН 2023”, кој се одржуваше во Острава, Чешка на 28.10-29.10 2023 година, и на кој учествуваа над 500 натпреварувачи од 13 земји од Европа (Македонија, Србија, БиХ, Грција, Хрватска, Словенија, Естонија, Украина, Латвија, Холандија, Словачка, Полска и Чешка).

Пoкрај долгото патување, над 25 часа, долгото чекање од 5 часа на унгарска граница, покрај судиската пристрасност и големата конкуренција, нашите натпреварувачи успеаја да не израдуваат со 4 медали од кои 1 златен, 1 сребрен и 2 бронзени медали.

Најголемиот успех го направи нашата репрезентативка Елена Јанеска, која овој пат убедливо ги победи и судиите, осовјувајќи го првото место во спаринг (борби) + 64 кг. јуниорки 16-17 години, победувајќи ги до тронот претсавничките на Холандија, Чешка, Естонија, Чешка, додека во форми (борба со замислен противник) за црн појас први дан јуниорки 16-17 години, се закити со сребрен медал, победувајќи ги претставничките на Полска, Хрватска, Латвија, а во финале заслужено изгуби од домашната натпреварувачка.

Елена Јанеска само пред една недела го постигна истиот успех на Меѓународниот Таеквон-до ИТФ  А  класа натпревар “СРБИЈА ОПЕН 2023” во Нови Сад, Србија, освојувајќи златен медал во спаринг (борби) + 64 кг. јуниорки 16-17 години и сребрен медал во форми (борба со замислен противник) за црн појас први дан јуниорки 16-17 години.

Други освојувачи на медали се:

Марио Крстески кој го освои бронзениот медал во форми (борба со замислен противник) за црвен  појас јуниори 16-17 години, додека во спаринг (борби) поради повреда во втората борба, мораше да го откаже натамошното натпреварување.

Михаил Јоноски освои бронзен медал во форми (борба со замислен противник) за црвен  појас јуниори 16-17 години.

Давид  Крстески во спаринг (борби) во третата негова борба, борбата за медал, беше оштетен од страна на судиите во корист на домашниот претставник.

Владимир Димитриевиќ во спаринг (борби), втората борба ја загуби по негова грешка последните 10 секунди и остана без медал.

Христијана Парулеска, која поради повреда од Светското првенство уште мора да се опоравува, учествуваше во улога на тренер поради нејзиното искуство.

Please follow and like us: