(ФОТО) Граѓаните тешко ги менуваат своите навики покажувајќи ја само ниската еколошка свест

Охрид

И покрај редовните акции на “Охридски Комуналец” според годишниот календар за 2023 год., кои на транспарентен начин навремено се објавуваат за полесно да допрат до граѓаните од секоја урбана заедница, секојдневно сме соочени со расфрлање на отпад и создавање мини депонии во секое урбано катче.

Екипите на “Охридски Комуналец” изминативе денови реализираа вонредни акции за подигање зелен и кабаст отпад од ул. Петрино, ул.Радојца Новичиќ, ул. 28.ми Април , ул.Мирче Ацев и ул.Галичица од каде се подигнати 64 м3 отпад.

Please follow and like us: