Приведен дилер од Охрид, пронајден кокаин

Охрид Црна хроника

На 03.11.2023 во 19.35 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид лишија од слобода 33-годишен охриѓанец.

По преземени мерки во близина на неговата куќа, тој бил затекнат како од пластична амбалажа зема опаковка со бела прашкаста материја.

По извршен дополнителен преглед, на местото биле пронајдени и одземени уште 34 опаковки со бела прашкаста материја.

Пронајденото е одземено, а по целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Please follow and like us:
Tagged