Облачно со повремен дожд, викендов прв снег и на пониските места

Македонија Охрид Регион

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд со слаб, а наместа со умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а попладне долж Повардарието од северен правец.

Утринските температури ќе се движат од 4 до 8 степени, а дневните до максимални 15 степени.

До петок ќе преовладува променливо облачно време, по одделни котлини со појава на магла. Значителна промена на времето ќе има во сабота кога ќе има пообилни врнежи од дожд, (локално и над 25 l/m2), а попладне ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Ќе дува засилен северен ветер и температурите позначително ќе опаднат.

Please follow and like us:
Tagged