Јавен повик до доверителите на Општина Охрид

Охрид

Општина Охрид објави Јавен повик до доверителите за пријавување неплатени побарувања по основ судски и извршни решенија.

Рокот за пријавување на побарувањата е 7 (седум) работни дена од денот на објавувањето на Јавниот повик. Денот на објавување на Јавниот повик не се засметува во рокот.

Право на пријавување на побарување имаат сите доверители за доспеани, а неплатени обврски по основ на правосилни судски решенија или друга извршна исправа или по друг ОСНОВ, доставени за наплата до трезорот при МФ, заклучно со Ноември 2023 година со цел спогодбено утврдување на износот.

Со пријавата, доверителите се должни да ја достават и следната документација:

-Правосилни и извршни судски пресуди и налози за присилно извршување,

-Договор или друг правен акт од каде произлегува побарувањето помеѓу Општина Охрид и доверителот

-фактура/ Ситуација за задолжувањето (аналитичка картица) и

-тековна состојба не постара од 6 (шест) месеци.

-предлог за спогодбено сервисирање на обврската која ја има Општина Охрид кон нив со вклучени поволности кои ги даваат.

Периодот за преговарање се утврдува помеѓу 01.12.2023 год. и 10.12.2023 година, по повик на Општина Охрид.

Документација целосно пополнета се доставува во оригинал или копија. Доколку документацијата се доставува во копија, веродостојноста на секоја страница подносителот на барањето ја потврдува  со свој потпис и печат.

Пријавата за побарување за пријавување на Јавниот повик, подносителите може да ја подигнат од архивата на општина Охрид или да ја превземат од web страната на Општина Охрид:  www.ohrid.gov.mk

Пријавата со потребната документација да се достави преку пошта со препорачана пратка или лично во архивата на Општината Охрид (од 08:00 до 16:00 часот секој работен ден),  на улица ,,Димитар Влахов” бр.57, 6000 Охрид.

Пријавите со потребната документација примени по истекот на рокот, нема да бидат земени во предвид.

Подетални информации, заинтересираните правни субјекти можат да добијат на
телефонскиот број: 046/262-492 Локал 103 или на електронската адреса:  finance@ohrid.gov.mk

По завршувањето на Јавниот повик, Општина Охрид ќе ги разгледува пристигнатите пријави, а Градоначалникот на Општина Охрид ќе постапи во согласност со Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.

За обврските на општината, комисија формирана од страна на градоначалникот пристапува кон преговори со сите доверители кои се јавиле на јавниот повик за спогодбено утврдување на износот на обврските, односно намалување на обврските за општината за што се составува и потпишува записник за секој доверител, по што се пристапува кон склучување на спогодба.

Please follow and like us:
Tagged